СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ХРВАТСКА, РЕКИ ТЕЧАТ НИЗ УЛИЦИТЕ Објавена драматични снимки од повеќе места, потопени градови (ВИДЕО)
Силно невреме пропратено со грмежи утрово зафати делови од Хрватска, особено Риека, Нови Винодолски, Малинска и Цриквеница.
Обилните дождови повторно создадоа огромни проблеми во некои градови во Хрватска.
Имено, жителите на Нови Винодолски од утрото на Фејсбук објавуваат за маката што ги снашла, а еден од корисниците на таа социјална мрежа околу 10 часот напишал дека сѐ е се полошо.
Во Нови Винодолски силен дожд кој паѓаше во текот на ноќта и во текот на утрото ги поплави улиците во градот.
Крајбрежните области се целосно потопени, а снимки од големи количества вода кои се излеваат на улиците се снимени на бројни локации низ градот, пренесува Јутарњи.хр.
На социјалните мрежи се шират фотографии од потонати автомобили и автобуси, а отежнат е и пристапот до дуќаните Плодин и Томи.
Сообраќајот низ градот, како и делот од Јадранската магистрала што минува низ него, според видеото е речиси невозможен.
Мораше да интервенираат и пожарникари.
– Премногу врнежи и несоодветно изграден одводен канал создаде проблеми. Дождот не врнеше со денови, туку неколку часа и направи огромни штети – изјави еден од жителите на Нови Винодолски.
Состојбата е многу лоша и во Малинска, што го потврдуваат објавите на Фејсбук. Граѓаните споменуваат невидена поплава.
Критична е и ситуацијата во Цриквеница, ако се суди по снимките снимени на тоа место.
Од ДХМЗ претходно најавија дека ќе биде облачно и врнежливо. Според метеоролозите, Јадранот го зафатил силен дожд. Во вечерните и ноќните часови се очекува престанок на врнежите и намалување на облачноста, а во северниот дел на Јадранот веќе во текот на попладневните часови.