Страшно невреме ја погоди Германија, ветер го откорна покривот на операта во Штутгарт! (ВИДЕО)
Пожарникарите интервенирале повеќе од 300 пати во текот на ноќта во Штутгарт, а железничкиот сообраќај бил во прекин со часови. Дежурните екипи отстранувале дрвја од патиштата во текот на целата ноќ.
Силно невреме, проследено со обилни дождови и грмотевици, ги погоди јужните и западните делови на Германија во понеделникот вечерта и создаде големи проблеми.
Во Баварија беа поплавени неколку села, вклучувајќи го и Моемлиген близу Франкфурт, каде што нема подрум што не е поплавен, а улиците се покриени со кал. Пожарникарите цела ноќ испумпуваа вода од објектите.
Во Штутгарт силен ветер искрши неколку статуи и однесе дел од покривот од операта.
Според директорот на операта Виктор Шонер, делови од сцената биле исто така поплавени, а водата влегла во електричните инсталации. За време на невремето, околу 250 лица биле во операта на претставата, но никој не бил повреден.
Пожарникарите интервенирале повеќе од 300 пати во текот на ноќта во Штутгарт, а железничкиот сообраќај бил во прекин со часови. Дежурните екипи отстранувале дрвја од патиштата во текот на целата ноќ.
Поради обилниот дожд имало бројни сообраќајни несреќи, најмалку седум беа евидентирани на автопатите. Не е познато колку лица се повредени во тие несреќи.