СТРАШНО ДА ТИ БИЛО ВО УЧИЛИШТАТА НА ТИТО Ким Мехмети го учеле да ги мрази Албанците и Бугарите

Што се однесува до омразата кон Албанците и Бугарите, некои припадници на елитата во Македонија веќе долго време се во канџите на „србизмот“, изјавил аналитичарот за БГНЕС.

5,423

„Јас пораснав во училиштата на Тито и многу добро знам дека тие нè научија дека најголемите непријатели на Македонија и на Македонците се Албанците и Бугарите. Знам дека од прво одделение па до староста, кај Македонците се градеше свеста дека да не беше српскиот братски народ, тие ќе биле ‘проголтани’ од Албанците и Бугарите“, изјави политичкиот аналитичар Ким Мехмети, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Според него, што се однесува до омразата кон Албанците и Бугарите, некои припадници на елитата во Македонија веќе долго време се во канџите на „србизмот“.






Мехмети напоменува и дека денес од Скопје до Белград може да се патува со железница или на добар автопат, а од Скопје до Софија или до Тирана по патишта изградени пред Втората светска војна.

„Што значи дека Белград долго време инвестираше во зближување на народите. А народите се здружуваат преку патишта и бракови. Денес скоро секое македонско семејство има брачни врски со српско семејство“, вели Мехмети и додава дека Македонија сè уште е под влијание на Белград.

НАПОМЕНА: Интервјуто на Ким Мехмети за БГНЕС е дадено пред две години, а е препостирано денеска на социјалните мрежи. Посочените цитати се сторпоцентно точни. Сепак, должни сме да укажеме на терминот и за тоа дека станува збор за грешка во селекцијата, а не за манипулација.

Поврзани содржини