📽️ СТРАШНИ ШУМСКИ ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ОКОЛУ ЕРУСАЛИМ Меѓу повредените се две бебиња, се евакуираат стотици граѓани

Црн чад е видлив од многу делови на областа на Ерусалим. „Тајмс оф Израел“ наведува дека идентитетот на тројцата осомничени кои ги уапси полицијата, како и нивниот мотив, сè уште не се познати.

283

Најмалку седум лица се повредени, меѓу кои и две новороденчиња во шумските пожари во областа на Ерусалим во Израел. Стотици граѓани беа евакуирани од ова подрачје откако пожарите излегоа од контрола. Евакуации имало на најмалку 5 места, соопшти израелската полиција.

Црн чад е видлив од многу делови на областа. „Тајмс оф Израел“ наведува дека идентитетот на тројцата осомничени кои ги уапси полицијата, како и нивниот мотив, сè уште не се познати.






Шефот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, ѝ нареди на армијата да помогне во гаснењето на пожарите што беснеат околу областа на Ерусалим.

 

 


Министерот за надворешни работи Гидеон Саар побара помош од колегите во Кипар, Хрватска, Италија и Грција за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Канал 12 објави дека Италија и Грција испраќаат помош во Израел, а се очекува авионите да пристигнат за неколку часа.

Палестинската власт, исто така, понудила помош во форма на противпожарни екипи, што веќе се случило и во минатото, но Израел сè уште не одговорил на понудата, рекол безбедносен извор за „Тајмс оф Израел“.

Поврзани содржини