СТРАШНИ НЕМИРИ ВО ЉУБЉАНА Летаа факели, полицијата возврати со солзавец ВИДЕО

Сцени како од филм во кои се слушаа крици од протестирачите ја разбрануваа Словенија, а причината за протестот е веројатно поврзана со неодамнешните строги мерки против коронавирусот во земјата.

3,915

Стотина луѓе протестираа и фрлаа факели пред плоштадот на Републиката во Љубљана, извикуваа погрдни зборови, а полицијата мораше да ги растера со водени топови и солзавец по споредните улички, пренесува Новости. Сцени како од филм во кои се слушаа крици од протестирачите ја разбрануваа Словенија, а причината за протестот е веројатно поврзана со неодамнешните строги мерки против коронавирусот во земјата.

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но се случи инцидент кога еден од учесниците фрли шише врз еден од полицајците кои го обезбедуваа собирот. Тогаш демонстрантите запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон собраниската зграда.

 






Демонстрантите упатија две барања: промена на мерките за сузбивање на вирусот и распишување на предвремени избори.

Кога толпата се приближи кон собранието и почна да фрла факели, полицијата одговори со солзавец и ја растури групата. Многу демонстранти побегнаа.

Кој стои зад овој протест? Според Н1-Словенија, на собирот се навивачките групи на двата најголеми фудбалски клуба во земјата. Од друга страна, полицијата се сомнева дека станува збор за мистериозната организација „Анонимна Словенија“, која има и меѓународни контакти со криминални групи кои продаваат дрога.

 

Словенечките разузнавачи од разузнавачката агенција СОВЕ интензивно трагаат по организаторите, но мотивот за собирот сè уште не е јасен.

Во празната Љубљана, сè уште е на сила полицискиот час како мерка против пандемијата со коронавирусот. Луѓето се бесни и незадоволни. Можеби најголемото незадоволство е кај возачите кои ако немаат ковид-пропусница не можат на наточат гориво во својот автомобил.

Поврзани содржини