СТРАШНА СЛУЧКА ВО ТОПАНСКО Го прегазиле, го ограбиле и го фрлиле во слепа улица, старецот починал

Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го зеле и го фрлиле во слепата улица, изјави за Алсат неговиот роднина Шемун Амети.

1,505

Пред две недели 70-годишниот Ахмед Кокица излегол од работа на пат кон дома и бил прегазен од автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле. Според членовите на семејството, со кои разговараше новинар на Алсат, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена.

Ахмед работел во еден угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле.






– Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го зеле и го фрлиле во слепата улица – изјави за Алсат неговиот роднина Шемун Амети.

Во потрага по траги, земени биле снимките од безбедносните камери од околината каде се случила несреќата и од куќите на патот каде што бил фрлен. Но, надлежните не даваат информации дали возилото е идентификувано. Јавното обвинителство отвори предистражна постапка и соопшти дека се во почетна фаза на случајот.

Од МВР велат дека случајот во полиција бил пријавен околу два часот по полноќ. По доаѓањето на местото на настанот го нашле Ахмет со тешки телесни повреди и речиси без знаци на живот. Го однеле во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Роднините ангажирале и адвокат, бидејќи се сомневаат дека има обиди настанот да се забошоти. Тие бараат итно да се откријат виновниците.

– Има сомневања дека оние кои го прегазиле го фрлиле и му ги зеле парите, чантата, телефонот и сакале да го скријат случајот. Сега велат дека имал шише во џебот, сега не разбирам. Ем го удрило возило, ем шишето не се скршило, а сè друго зеле. Немам друг коментар – изјави неговиот роднина Шемун Амети.

Според извештајот од Судска медицина, обдукцијата покажала дека Ахмед Кокица имал траги од силни удари од страната на половината со скршени ребра и прешлени. Од здобиените повреди на виталните органи паднал во кома сè до 18 мај, кога починал во болницата.

Поврзани содржини