СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ИТАЛИЈА Тројца Македонци на 30-тина години и 23-годишен Италијанец ги загубија животите
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.
Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница Монферато, јави италијанскиот медиуми „Ла Воче ди Асти“.
Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.
Извори од полицијата во Асти за медимиуот изјавиле дека засега немаат детела за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.
Од Министерството за надворешни работи информираа дека синоќа, во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Северна Македонија.
„Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко. Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија“, велат од МНР.