Страшна глетка: Змеј однесе во воздух тригодишно девојче (ВИДЕО)
Во болница било потврдено дека преплашеното девојче има само гребнатинки на лицето.
Тригодишно девојче е живо и здраво, откако во кренато во воздух од голем змеј за време на меѓународниот фестивал на змејови во Тајван.
Во видео снимката од инцидентот се гледа како 13 килограми тешката учесничка на меѓународниот вестивал се заплеткала во долгата лента од портокаловиот змеји кој ја подигнал неколку метри во воздух во времетрање од 30 секунди. Змејот полека се спуштил и тогаш другите учесници успеале да ја дофатат.
Во болница било потврдено дека преплашеното девојче има само гребнатинки на лицето. Градоначалникот Лин Чин-чиен на „Фејсбук“ се извини за инцидентот и додаде дека управата на градот ќе го истражи случајот, со цел да не се повтори нешто слично.