ДЕЦА, ВНИМАВАЈТЕ! Купишта шприцови со отворени игли и крвави гази расфрлени во паркот Расадник (ФОТО)
Пред десет минути се вративме од прошетка позади зградата каде што живееме. Шетајќи низ паркот откривме дека некој во големи количини организирано во паркот-овоштарник фрлил медицински отпад со употребувани шприцеви со отворени игли, искршени шишенца со медикаменти, крвави гази и слично, а таму секојдневно доаѓаат деца да играат - вели читател на Плусинфо.
Жителите во зградите кои се наоѓаат во непосредна близина на овоштарникот Расадник, се загрижени за своето здравје и за здравјето на нивните најблиски, затоа што во паркот-овоштарник може да се забележи голема количина медицински отпад.
Според информациите кои ги добивме од наш читател, кој заедно со своето семејство денеска се шетал во паркот, на тревата биле исфрчени шприцови со отворени игли, разни шишиња од медикаменти, крвави гази и слично.
– Пред десет минути се вративме од прошетка позади зградата каде што живееме. Шетајќи низ паркот откривме дека некој во големи количини организирано во паркот-овоштарник фрлил медицински отпад со употребувани шприцеви со отворени игли, искршени шишенца со медикаменти, крвави гази и слично, а таму секојдневно доаѓаат деца да играат – вели нашиот читател.
Како што вели тој, најголемиот дел од фрлените употребувани медикаменти се од психотропна природа, дијазепами и слично.