📽 СТРАШНА БУРА СО ТОРНАДА ВО САД Одложен е и концертот на Бјонсе во Чикаго

Речиси 400.000 домови и бизниси останаа без струја во Висконсин, Илиноис, Индијана и Мичиген, а најголем број клиенти без струја беа регистрирани во Мичиген, каде што околу 181.000 луѓе беа без струја.

131

Силната  бура што ги зафати вера Минесота, Висконсин, Илиноис и Мичиген предизвика можност за торнада, соборени дрвја и далноводи, а поројниот дожд го прекина концертот на пејачката Бијонсе во Чикаго. Дополнителни бури кои би можеле да го зафатат регионот се очекуваат и за денеска попладне, вклучувајќи ги Мисисипи, Тенеси и Охајо.

Се очекуваат силни ветрови, град, штети на инфраструктурата и можни торнада.






Според Центарот за предвидување на бури, повеќе од 20 милиони луѓе од Минесота до Мичиген и Индијана – вклучувајќи ги Минеаполис, Милвоки и Чикаго – се изложени на ризик од сериозни бури од категорија 3 до 5.

Во вчерашното невреме не се пријавени смртни случаи или сериозни повреди. Националната метеоролошка служба предупреди на можноста за налети на ветер до 80 милји на час.

 

Речиси 400.000 домови и бизниси останаа без струја во Висконсин, Илиноис, Индијана и Мичиген, а најголем број клиенти без струја беа регистрирани во Мичиген, каде што околу 181.000 луѓе беа без струја.

Имаше 12 пријави за потенцијални торнада во регионот, претежно во Висконсин, а метеоролошките тимови подоцна ќе потврдат дали навистина имало торнада.

Во областа Медисон во Висконсин, пријавен е град со големина на јајце.

Во Чикаго, концертот на отворено, кој се одржа на стадионот „Солдер Филд“, мораше да биде одложен за неколку часа поради временски проблеми.

Поврзани содржини