📽️ СТРАШЕН ВЕРИЖЕН СУДИР ВО ПОЛСКА Се запалија автомобили, четири лица загинаа, а голем број се повредени

Полската ТВН24 информира дека местото каде што се случила несреќата е дел од јужната обиколница на Гдањск и таму веќе некое време има градилиште.

554

Во верижниот судир на 22 возила што се случи во близина на полскиот град Гдањск четири лица загинаа, а 12 се повредени.

Полската ТВН24 информира дека местото каде што се случила несреќата е дел од јужната обиколница на Гдањск и таму веќе некое време има градилиште.






Во несреќата учествувале три камиони, а сè уште се утврдуваат точните околности под кои се случила. По судирот неколку автомобили се запалиле, а некои целосно изгореле.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и неколку деца.

По инцидентот, приведен е 37-годишен камионџија кој наводно удрил во автомобилот пред него, соопшти полицијата, додавајќи дека алкотестот покажал дека мажот не бил под дејство на алкохол.

Поврзани содржини