СТРАШЕН ПОЖАР ВО СКОПЈЕ Се запалил бутик, огнот зафатил станови и автомобили
Нема повредени во пожарот што почна во бутик на улицата Разловечко востание во населбата Карпош 4, соопшти полицијата.
Голем пожар избувна ноќеска во зграда на улицата Разловечко востание и ги преплашил станарите на населбата Карпош 4.
Нема повредени лица. Причинета е голема материјална штета, затоа што пожарот зафатил бутик на приземјето, а огнот се проширил на околните станови и автомобили.
„Денеска (19.01.2025) во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата. Делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима-уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје. Исто така, биле зафатени две патнички возила – „шкода камик“, паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „форд фокус“, сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје“, соопшти полицијата.
Пожарот го изгасиле припадници на Бригадата за противпожарна заштита.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.