СТРАШЕН ПОЖАР НА КАРНЕВАЛСКАТА ПАРАДА ВО ГЕРМАНИЈА Се запали возило, луѓето панично бегаа, има најмалку пет повредени

Според првичните сознанија на полицијата, пожарот го предизвикала експлозија на карневалската платформа.

146

Најмалку пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога се запалила платформа на карневал во германскиот град Кил, јави ДПА.

Еден од повредените се здобил со тешки изгореници и со хеликоптер е пренесен во болница.






Според првичните сознанија на полицијата, пожарот го предизвикала експлозија на карневалската платформа.

За да се спасат од пламените јазици, неколку луѓе скокнале од платформата на улицата по која се движела каревалската поворка.

Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, а парадата, која ја следеле десетици илјади луѓе, е прекината.

Поврзани содржини