СТРАШЕН ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО ЧАИР Гори зграда, има повредени
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) само ја потврдија информацијата за пожарот велат дека на терен се излезени противпожарните екипи кои се обидуваат да се справат со огнените јазици.
Голем пожар утрово избувна во зграда во скопската населба Чаир, а како што неофицијално дознаваме, повредени се неколку лица.
Засега немаме информации за бројот на повредените ниту за нивната здравствена состојба, но како што објавија дел од медиумите, изврешна е итна евакуација на станарите и оттаму биле извлечени над 100 лица.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) само ја потврдија информацијата за пожарот велат дека на терен се излезени противпожарните екипи кои се обидуваат да се справат со огнените јазици.
– Од Противпожарната единица ќе пратат информација кога ќе завршат со акцијата, а ние ќе ја споделиме – велат од ЦУК.