📽 СТРАШЕН МАСАКР ВО МЕКСИКО, 12 ЛУЃЕ УБИЕНИ НА ЗАБАВА Вооружена група упаднала и пукала во сè што мрда

Од 23-те погодени од проектилите, десет загинале на лице место, тинејџер (17) починал додека бил превезуван во болница со приватен автомобил, а уште 12 се хоспитализирани, од кои двајца се во тешка состојба.

2,086

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата наутро на забава во малиот град Салватиера во сојузната држава Гуанахуато во Мексико. Лекарите се борат за животот на уште десетина повредени лица.

Група напаѓачи упаднала во поранешната хациенда и почнале да пукаат кон присутните.






Локалниот функционер Карлос Силва вели дека на забавата имало претежно млади луѓе. Силва објави фотографија направена непосредно пред нападот. Градоначалникот Херман Сервантес Вега најави почеток на заедничка акција со државното обвинителство за спроведување на истрагата.

Од 23-те погодени од проектилите, десет загинале на лице место, тинејџер (17) починал додека бил превезуван во болница со приватен автомобил, а уште 12 се хоспитализирани, од кои двајца се во тешка состојба. Две од жртвите се жени, идентификувани како Макарена и Талија.

Дополнително, опожарени се шест автомобили и два мотоцикли, а со куршуми се оштетени уште 7 автомобили.

Службата за итна помош 911 била повикана околу 03:30 часот, а полицијата и припадниците на Цивилната заштита пристигнале на лице место. Амбулантни возила од Цивилната заштита и од Црвениот крст дошле за да им пружат прва помош на повредените, а пет лица беа префрлени во болницата во регионот.

Припадниците на пожарникарите на Цивилната заштита и Салватиера го изгаснале пламенот на запалените возила.

Масакрот на хациендата е втор инцидент за помалку од 24 часа во државата Гуанахуато. Ден претходно, група вооружени напаѓачи убија четири лица во берберница во Саламанка.

Локален функционер објави фотографија направена непосредно пред нападот.

 

Поврзани содржини