Направени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје има 720 новозаразени, во Битола 90, Куманово 87, Кавадарци 72, Тетово 54, Струмица 44, Прилеп 43, Велес 41, Охрид 40, Штип 32, Гостивар 31, Свети Николе 25, Неготино 24, Гевгелија 23, Кичево и Струга по 19, Ресен и Радовиш по 16, Кочани и Валандово по 13, Богданци 11, Македонски Брод 10, Крива Паланка 9, Демир Хисар 8, Дебар, Виница и Кратово по 5, Берово, Крушево и Македонска Каменица по 4, Делчево 3, Демир Капија 2 и еден нов случај во Дојран.
Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: 7 починати лица од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), 5 починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по 3 починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по 2 починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1). Починатите се на возраст од 63г до 82г. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 26 до 31 јануари.
Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти.
Од вкупниот број на починати лица (n=39), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 39 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.986 тестови преку: ИЈЗ-598, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-1, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–165, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-140, Биотек-212, Систина-72, лабораторија Лаор-108, Синлаб-16, Ремедика-12, Плодност-50, Генеа-17, Никоб Лаб-452, ВФВ Медикал-94, Ели Медика-25, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-36, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.428.
Досега во земјата се направени вкупно 1.808.494 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 275.637, бројот на оздравени пациенти е 254.340, на починати е 8.533, а бројот на активни случаи изнесува 12.764.