СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО БУГАРИЈА „Имало и деца меѓу најмалку 45 загинати“ (ВИДЕО)

На Јутјуб можат да се видат видео-репортажите на ЕУ Топ Њуз, ГБ Њуз, турски ТРТ и други со слики од автобусот. Дури 46 од 52 патници живи изгореле, а во автобусот имало и 12 малолетници меѓу кои и двајца близнаци. „Има деца меѓу најмалку 45 загинати“ вели насловот на статијата на Би-Би-Си.

1,100

Најголемите светски медиуми и портали, Би-Би-Си, Индепендент, Њујорк Тајмс, Гардијан, Си-Ен-Ен, како и многу медиуми на Балканот утринава известија за страшната автобуска несреќа која се случи ноќеска во Бугарија, а во која македонски автобус на „Беса Транс“ изгоре на патот „Струма“ при влез од Турција во земјата.






На Јутјуб можат да се видат видео-репортажите на ЕУ Топ Њуз, ГБ Њуз, турски ТРТ и други со слики од автобусот. Дури 46 од 52 патници живи изгореле, а во автобусот имало и 12 малолетници меѓу кои и двајца близнаци. „Има деца меѓу најмалку 45 загинати“ вели насловот на статијата на Би-Би-Си.

Изјавите на македонскиот премиер Заев, но и на Стефан Јанев од Бугарија ги пренесоа и Јутарни, Блиц, Мондо, Н1, Нова, Новости, како и бугарските портали. Изјава имаше и бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков кој беше на местото на несреќата велејќи дека „сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе“.

 

Поврзани содржини