СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ONE-STOP-SHOP ОДДЕЛ ВО ВЛАДАТА Мартенс вели дека проблем им е неефикасната администрација

Директорот на Делегацијата на германското стопанство потсетува и на барањето на странските инвеститоти во Технолошките индустриски зони за самостојно поставување на фотоволтаични системи на покривите од нивните фабрики.

304

Владата ќе формира  One-Stop-Shop оддел кој ќе се грижи за странските инвеститори, нивните потреби и барања, информира Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

Ова, како што вели тој, го соопштил премиерот Димитар Ковачевски на средбата со компаниите-членки на Македонско- германското стопански здружение (МГСЗ).






Мартенс информира и дека премиерот бил информиран за барањето на странските инвеститоти во Технолошките индустриски зони за самостојно поставување на фотоволтаични системи на покривите од нивните фабрики.

– Доколку се исполни ова барање, Владата ќе исполни голема желба на компаниите и истовремено би ги ставила на исто рамниште со компаниите кои работат надвор од Технолошките индустриски зони- вели тој.

За компаниите еден од главните приоритети е јакнењето на ефикасноста на администрацијата.

– Јакнењето на капацитетите на администрацијата истовремено е од клучно значење за подобро искористување на државните капитални инвестиции- вели Мартенс.

Поврзани содржини