Странските директни инвестиции годинава ќе паднат на ниво од 1,6 отсто од БДП,

Проекциите на Народната банка за следната година се дека странските директни инвестиции ќе се вратат на предковидкирзата на ниво од 3 отсто од БДП.

268

Странските директни инвестици годинава ќе бидат забавени на ниво од 1,6 отсто од БДП, а за догодина се очекува постепено стабилизрање на три отсто од БДП, односно враќање на преткризното ниво.

– Странските директни инвестиции пред кризата во просек изнесуваа некаде околу 3,3 проценти од БДП. Оваа година очекуваме значајно забавување на странските директни ивестиции на ниво некаде околу 1,6 проценти во услови на овој нов контекст и веќе од наредната година очекуваме постепено стабилизирање на странските инвестици и постепено враќање на преткризното ниво. Така што, за наредната година очекуваме прилив на странски директни инвестици од околу три проценти од БДП, а потоа постепно зголемување на нивното учество во БДП на среден рок од 3,5 проценти – рече гивернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска прес-конференција на која беа соопштени најновите проекции на НБ за економијата.






Оваа година, појасни, се очекува контракција на економската активност и таа ќе биде видлива кај сите нејзини компоненти, пришто особено изразен ќе биде ефектот кај инвестиците при проектиран пад од 13 проценти.

– Ова не зачудува бидејќи ако се вратиме наназад при секоја кризна епизода инвестиците се еден од најзначајните пунктови каде што највеќе доаѓаат до израз неповолните ефекти од кризните состојби. За наредните две години очекуваме постепено стабилизирање на инвестициите односно поповолни трендови и во глобални рамки се очекува попозотивен амбиент закрепнување. Очекуваме и раст на странските директни инвестиции, имајќи ги во предвид стапките на ММФ за стабилни финансиски пазари и поповолни очекувања на меѓународните инвестори – наведе гувернерката на Народната банка.

Таа очекува инвестициската активност во наредните две години да биде поддржана и од засилениот инфраструктурен циклус од страна на државата со проекциите во Предлог буџетот на државата, како и солидната кредитна поддршка која што, потенцираше, исто така е многу значаен сегмент.

Според неа, тешко е да се кажат очекувањата за натамошна стабилизација на финансиските пазари бидејќи пазарите реагираат на многу фактори.

– Меѓутоа, засега барем ММФ во рамки на своите среднорочни макроекономски проекции очекува финансиските пазари да се задржат на стабилно ниво, односно да нема позначајно затегнување на условите на финансиските пазари што во голема мера го врзуваат и со нивната препорака дека носителите на политките и натаму треба да обезбедуваат поддршка на економската активност – рече Ангеловска Бежоска.

 

Поврзани содржини