СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ГО ИЗВРШИЛЕ ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО МОСКВА Руското Министерство за внатрешни работи соопшти детали од истрагата
Руските медиуми и еден неименуван руски пратеник објавија дека некои од осомничените се од Таџикистан.
Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад врз посетителите во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва се странски државјани, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.
„Сите осомничени, кои се уапсени, се странски државјани “ – се наведува во соопштението, но во него не се прециизра нивната националност.
Руските медиуми и еден неименуван руски пратеник кажаа дека некои од осомничените се од Таџикистан, централноазиска држава која се граничи со Авганистан, а во која е активна Исламска држава, органзиацијата која ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во кој се убиени најмалку 143 лица.