СТРАНСКА ДРЖАВЈАНКА ЗАГИНАЛА НА ШАРА Лавина поклопила жена од косовската страна на планината

Жената скијала на местото наречено Орлово гнездо во туристичкиот центар Брезовица од другата страна на Шар Планина. Косовската полиција и спасувачките екипи се на терен и го бараат телото на жената.

376

Странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица на косовската страна на Шар Планина во вторникот, јави дописникиот на МИА од Приштина. Во соопштение на косовската полиција се вели дека 54-годишна жена загинала како последица на снежна лавина на местото наречено Орловско гнездо.

Жената скијала на местото наречено Орлово гнездо каде дошло до појава на снежна лавина. Косовската полиција и спасувачките екипи се на терен и го бараат телото на жената.

Поврзани содржини