СТРАНЕЦ САКАЛ ДА ИЗНЕСЕ 150.000 ФУНТИ ВО ТОРБА Цариници ги запленија парите на скопскиот аеродром

0

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150.000 британски фунти кои не биле пријавени согласно законските обврски. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10.000 евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани. Против него е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Царинската управа континуирано спроведува активности насочени кон откривање и спречување на нелегалниот прекуграничен пренос на готовина, со што директно придонесува во борбата против финансискиот криминал.

Поврзани содржини