СТРАНЦИТЕ И НАТАМУ НАЈМНОГУ ПРЕСТОЈУВААТ ПОКРАЈ ЕЗЕРАТА И ВО СКОПЈЕ Најмногу туристи во јануари дошле од Турција

Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од  3 %, а на странските од 15,5 %.

105

Во земјава во јануари годинава се евидентирани 47.761 турист, од кои 40,4 % се домашни, а 59,6 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48,4 % се од домашните туристи, a 51,6 % од странските туристи.






Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10,1 %, a бројот на ноќевањата за 15,2 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од  3 %, а на странските од 15,5 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 11,5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18,8 %.

Според податоците  најпосетени биле Скопје и езерата, каде што престојувале повеќе од половина од туристите.

И овој месец најмногу туристи имало од Турција, Грција, Србија, Албанија, Косово, Германија и Бугарија.

Поврзани содржини