СТРАНЦИ СТУДИРААТ ТАНЦ ВО СКОПЈЕ На УГД е воведена и насока за кореографија

Во програмите, има насока за кореографија и за педагогија, за кои во моментов постои подеднаков интерес, а веќе има и запишани студенти од странство.

726

Неделава, за прв пат започнува со работа високообразовната програма од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во просториите во Домот на армијата Скопје.

Програмите од втор циклус студии се на англиски јазик, со цел да се привлечат, покрај домашните и странски студенти. Во програмите, има насока за кореографија и за педагогија, за кои во моментов постои подеднаков интерес, а веќе има и запишани студенти од странство. Ова е една од новините кои УГД како високообразовна институција од највисок ранг во земјава ги воведува, за да овозможи висококвалитетна работа со запишаните студенти.






Во рамки на програмата на овие студии ќе се организираат „Креативни центри“, платформа во која предавања ќе држат еминентни професори и уметници од различни уметнички и образовни категории, од земјава и од странство, со цел, студентите да добијат, покрај посебно-стручно образование, поширок спектар на знаења, кои ќе им овозможат да напредуваат и да станат конкурентни на европско ниво. Студентите на додипломските студии и на мастер програмите ќе остваруваат пракса со Скопје танцовиот театар и ќе настапуваат во рамките на реномираниот интернационален фестивал Танц фест.

Катедрата за современ танц, сезонава ќе биде дел од фестивалот „Споделување“ кој се возобновува по паузата предизвикана од пандемијата со ковид-19, и кој ќе се одржи во Братислава, Република Чешка. Студентите на Катедрата за современ танц од двата циклуса, ќе имаат можност на овој фестивал да настапат со свои кореографии и изведби, како и да држат работилници во друштво на девет други европски универзитети и академии за танц, и тоа од Австрија, Чешка, Полска, Унгарија, Велика Британија и Латвија. Овие поврзувања и комуникација со европски вискообразовни институции ја зголемуваат можноста за развој на студентите и нивно претставување во контекст на европската современа танцова сцена.

Поврзани содржини