СТРАДААТ ОД АНКСИОЗНОСТ И ГРИЖА НА СОВЕСТ Таравари без милост кон поранешните сопартијци

Во својот коментар, Таравари не ги спомена директно имињата, но испрати јасна порака до поранешните сопартијци, кои одлучија да дејствуваат надвор од партиската линија.

1,221

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по денешната прес-конференција на Арбен Фетаи и неговата група од помалку од 40 луѓе, се огласи преку статус на социјалните мрежи, реагирајќи на најновите политички превирања во партијата.

Во својот коментар, Таравари не ги спомена директно имињата, но испрати јасна порака до поранешните сопартијци, кои одлучија да дејствуваат надвор од партиската линија.






– Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го доживува… особено кога е измешано со чувство на вина! – вели Таравари, алудирајќи на емоциите што, според него, ги чувствуваат оние кои се отцепиле од Алијансата.

Лидерот на Алијансата ја искористи приликата уште еднаш да го најави „октомври“ како месец на победа за неговото политичко движење, алудирајќи на претстојните избори.

– Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон oктомвриската победа која е блиску… многу блиску! – порача Таравари.

Оваа реакција доаѓа по обидите на дел од поранешните членови на партијата да создадат нова фракција или да најават независно политичко делување. Таравари, пак, останува уверен во поддршката од членството и граѓаните, и сигнализира дека е подготвен за новата политичка битка што следува.

ТАРАВАРИ ОСТАНА БЕЗ ПОДДРШКА ОД ДЕЛ ОД ПАРТИЈАТА Поранешни соработници го обвинија за предавство и враќање кон стариот режим

Поврзани содржини