„СТРАДАЊЕТО ВО ГАЗА Е ВЕЌЕ НЕОПИСЛИВО“ Новата офанзива ќе значи уште глад, предупредува УНИЦЕФ

Незамисливото не се подготвувува допрва – тоа веќе е тука. Ескалацијата е во тек, нагласи портпаролката на УНИЦЕФ, Тес Инграм., опишувајќи го страдањето на цивилите во последните 9 дена.

55

Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ предупреди дека „детството не може да опстане“ во градот Газа, додека Израел се подготвува да го преземе најголемиот град во Појасот како дел од војната против палестинското исламистичко движење Хамас, јави ДПА.

– Светот предупредува на катастрофа за речиси еден милион луѓе кои сè уште се наоѓаат во град Газа, доколку се интензивира воената офанзива – изјави портпаролката на УНИЦЕФ, Тес Инграм.






Израелската армија во моментов се подготвува за влез во градот, а илјадници резервисти беа мобилизирани во вторникот.

– Незамисливото не се подготвувува допрва – тоа веќе е тука. Ескалацијата е во тек – нагласи Инграм, опишувајќи го страдањето на цивилите во последните 9 дена.

Според неа, „недохранетоста и гладот ги ослабуваат децата, раселувањето им го одзема домот и грижата, а бомбардирањата го загрозуваат секое нивно движење“.

– Оваа состојба не е случајна, туку последица на одлуки што ја претворија Газа во место каде животот е нападнат секојдневно од сите страни – рече Инграм, повикувајќи Израел да ги ревидира правилата за водење на борбите за да се заштитат децата и да се овозможи хуманитарен пристап.

Таа побара и Хамас да ги ослободи сите заложници.

Поврзани содржини