СТОТИНА СПЕЦИЈАЛЦИ ГО ТРЕСАТ ЗАТВОРОТ ВО ИДРИЗОВО Ова се деталите за големата акција на МВР

Претресот се случува по добиени информации дека е можен судир помеѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.

1,090

Стотина специјалци утрово влегоа во Казнено поправната установа Идризово во Скопје каде што вршат претреси, потврдуваат од МВР за Плусинфо.

Според информациите, инспектори и припадници на специјалните единици пребаруваат низ повеќе крила од затворот со цел да се пронајдат и одземат недозволени предмети.






Акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало процени дека состојбата може да ескалира.

Претресот се случува по добиени информации дека е можен судир помеѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.

Повеќе официјални информации од МВР се најавени за подоцна во текот на денот.

Oд Основното јавно обвинителство Скопје потврдуваат дека единицата „Тигар“ врши претреси поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, соопштија кусо од ОЈО Скопје.

Поврзани содржини