СТОТИЦИ ЖЕНИ-СПОРТИСТКИ БИЛЕ СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАНИ Потресните сведоштва на четири гимнастичарки ја разбрануваа Америка

Четирите гимнастичарки се меѓу стотици жени, вклучувајќи и други атлетичарки и Олимпијки, кои изложија обвинувања на сметка на Насар. Тие со години биле игнорирани од полицијата и од Официјалните лица од Сојузот на гимнастичарките.

1,149

Стотици жени-спортисти, меѓу кои врвни олимпијки и гимнастичарки биле со години злоставувани од лекарот Лари Насар кој ги прегледувал, а четири од нив, конечно ја добија шансата да ги кажат своите потресни стории како сведоци во судење во конгресот во САД. Страшно, но ни во Америка жените не се безбедни, а овие жени биле целосно игнорирани од полицијата и Сојузот на гимнастичарките, дознава ГласотНаАмерика.

Американските гимнастичарки Симон Бајлс, Мекајла Марон, Ели Рејсман и Меги Нихолс, жестоко ги критикуваа американската национална федерација за гимнастика, Олимпискиот комитет на САД и ФБИ на конгресното сведочење во Вашингтон, за нивниот неуспех да преземат итна акција по нивните обвинувања за сексуална злоупотреба од нивниот лекар Лари Насар.






Насар служи доживотна казна затвор откако се произнесе за виновен на крајот од 2017-та и 2018-та за сексуални испади врз жени и девојчиња додека работел како спортски лекар за тимот на САД по гимнастика и на државниот Универзитет во Мичиген.

Четирите гимнастичарки се меѓу стотици жени, вклучувајќи и други атлетичарки и Олимпијки, кои изложија обвинувања на сметка на Насар.

Тие на распитот пред сенатската комисија за правосудство ги раскажаа личните приказни како биле виртуелно игнорирани од официјалните лица од Сојузот на гимнастичарките и од ФБИ.

Тимот на САД во гимнастика го пријавил Насар во ФБИ во јули 2015-та, но тој продолжил да прегледува пациенти при Универзитетот Мичиген се додека не бил изложен на крајот од септември, следната година, од еден весник.

Внатрешна истрага на ФБИ покажа дека и покрај сериозните обвинувања, виши официјални лица од Бирото во Индијанаполис, не одговориле со „сериозност и ургентност“ на случајот.

Поврзани содржини