СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ИЗНЕСЕНИ ОД ЕЛЕМ И ОД РЕК Затоа сакаат да генерираат нестабилност, откри Мицкоски
Мицкоски истакна дека стотици милиони евра се украдени преку тендери, додавајќи дека за истите услуги кога тој бил директор на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ се наплаќале по 86 денари, додека сега истото е зголемено за 3 до 4 пати односно за 240 денари.
Само за неколку тендери во ЕСМ однесени се 100 милиони евра, рече премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на ТВ Алфа.
Мицкоски нагласи дека постојат многу основани сомненија, односно како што рече тој, до сега има неколку случаи каде што има основано сомневање до сега поткрепено со информации.
– Но, од сега па натаму ќе влеземе и со докази за сериозна злоупотреба. Имаме основано сомневање. Во дел на ова основано сомневање сме во траг, денеска имав состанок со членовите на новиот Управен одбор на АД ЕСМ и со оние информации со кои што јас располагам, а им ги пренесов и ним, затоа што денеска им е прв работен ден, можам да кажам дека таму има барем неколку случаи каде што има основано сомневање до сега поткрепено со информации. Но, од сега па натаму ќе влеземе и со докази за сериозна злоупотреба – изјави тој.
Мицкоски истакна дека стотици милиони евра се украдени преку тендери, додавајќи дека за истите услуги кога тој бил директор на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ се наплаќале по 86 денари, додека сега истото е зголемено за 3 до 4 пати односно за 240 денари.
– Стотици милиони се изнесени, украдени, буквално украдени преку тендери каде што за услуга се наплаќа од 3 до 4 пати, и на фирмите што сакаат да се јавуваат на тие тендери им доаѓа некој што им кажува немојте да конкурирате за тие тендери затоа што таа работа е наменета за некој друг – објасни премиерот Мицкоски и додаде: Услуги коишто кога јас бев директор на тогашното ЕЛЕМ се плаќаа за 86 денари, денеска се наплаќаат за 240 денари.
Тој истакна и дека за прв пат во историјата на државата имаме врховен судија фатен во криминал за примање на мито, претседател на Совет на јавни обвинители кој е соучесник во тоа криминално дело каде подоцна има признание и има завршница.
– Неколку криминални групи кои се активни во Скопје на полето на изнуда, рекетирање, палење на објекти им сме во трага, знаеме за кои луѓе станува збор, тие се координирани од затворите со веќе осудени криминалци кои се осудени за извршени убиства и така натаму. Не треба да ова да правиме естрада, не е посебно ако државата го спроведува редот и законите и тоа ќе продолжи, затоа што ние немаме втора опција, ние не сме во договор со криминалците како што тоа го правеа некои минати влади. Ние сакаме да расчистиме со криминалците без разлика дали се на улиците, политиката или на некое трето место – нагласи премиерот Мицкоски.
Премиерот потенцираше дека мораме да расчистиме со криминалот за да имаме владеење на правната држава ако сакаме да одиме напред.
– Ако сакаме да не биде како држава, да бидеме просперитетна држава која ќе нуди иднина за младите генерации, Македонија да биде повторно твоја тогаш ќе мора да се расчисти со криминалот. Не должиме никому, немаме концесија кон никого и ова мораме да го направиме – рече премиерот Мицкоски.
Тој најави и посебен тим и отворена линија на која граѓаните ќе може да пријават доколку во некои од институциите им е побарано мито или свесно некој го одолговлекува она кое по закон им припаѓа и за тоа се предмет на закани и притисоци од некој од вработените во рамки на администрацијата.
Мицкоски воедно истакна дека од септември борбата со криминалот ќе биде засилена.
– Тоа ќе трае сѐ додека сите кои се огрешиле пред законот не бидат изнесени пред очите на законот. Верувам во пресумпција на невиност, но за сите за кои постојат сомненија за сторен криминал и докази, сите тие ќе бидат спроведени. Ова ќе важи за сите функционери и сега именувани кој се огрешил ќе одговара и тука нема да има пардон – изјави Мицкоски.