Стотици илјади луѓе во етиопскиот регион Тиграј в петок остануваат без храна 

Околу 170 камиони со храна и други резерви се заглавени во соседниот регион Афар, и тие мора да можат веднаш да поминат до Тиграј - објави Бизли на Твитер.

242

Директорот на Светската програма за храна (World food programme), Дејвид Бизли, изјави дека Агенцијата на Обединети нации во етиопскиот регион Тиграј в петок ќе остане без храна.

Стотици илјади луѓе во Тиграј се соочуваат со глад, во услови на најтешка хуманитарна криза во светот во изминатата деценија.






– Околу 170 камиони со храна и други резерви се заглавени во соседниот регион Афар, и тие мора да можат веднаш да поминат до Тиграј – објави Бизли на Твитер.

Тој додаде дека сто камиони со таков товар се потребни за еден ден во Тиграј.

– Луѓето гладуваат – наведе Бизли.

Се поголем е меѓународниот притисок врз етиопската Влада да дозволи достава на многу потребна храна и други материјали до Тиграј. Помош нема стигнато до некои заедници од ноември минатата година, кога почна граѓанската војна помеѓу етиопската армија и силите на Тиграј.

Поврзани содржини