СТОПАНСКАТА КОМОРА ЗАПОЧНУВА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА СТАРТАП БИЗНИСИ Учеството е без надомест, пријавете се!
Програмата е наменета за млади невработени лица, но и вработени лица кои имаат желба за започнување бизниси се мотивирани за стекнување вештини од областа на претприемништво, планирање на бизнисот и пристап до вложувања за започнување на бизнисот.
Стопанската комора месецов ја започнува да ја реализира Програма за развој на стартап бизниси кој ќе трае 4 месеци.
– Една од целите на Програмата за стартап бизниси е можноста за вмрежување со компаниите во Комората и презентација на идеите пред соодветните компании кои можат да бидат заинтересирани за соработка со стартап бизнисите. Исто така придобивка од ваквата Програма е и можноста за презентирање на идеите пред финансиски институции за финансирање на стартап бизнисите – велат од Стопанската комора.
Оттаму информираат дека, програмата за стартап бизниси е наменета за млади невработени лица, но и вработени лица кои имаат желба за започнување бизниси се мотивирани за стекнување вештини од областа на претприемништво, планирање на бизнисот и пристап до вложувања за започнување на бизнисот.
Во реализација на Програмата се вклучени повеќе од 20-тина реномирани предавачи и претставници на успешни стартап компании.
– Предавањата се замислени така што сите модули на почетокот ќе имаат краток теоретски вовед во секоја поттеми, а потоа следуваат предавања со практични примери, искуства и со менторски пристап од предавачите, со индивидуални вежби за примена на стекнатото знаење врз избраната бизнис-идеја. Секој модул има свој ментор, а на предавањата голем удел ќе имаат интерактивноста и вежбите според најновите европски и светски пристапи – велат од комората.
Програмата за развој на стартап бизниси започнува на 28 февруари 2022 година, а планирано е да заврши на 10 јуни 2022 година.
– Практично со започнувањето на оваа активност на Советот за унапредување на високо образование и стратешки истражувања, во пресрет на големиот јубилеј од 100-години коморско организирање во државата, Стопанската комора како најстара и најбројна бизнис-асоцијација покажува дека отвореност и поддршка за сите компании кои се подготвени преку иновативност и креативност да креираат додадена вредност – информираат од Комората.
Повеќе информации за Програмата и пријавата за учество на Програмата за развој на стартап бизниси, како и за начинот на пријавување и запознавање со предавачите и темите можете да најдете на интернет страната на Стопанската комора.