Стопанската комора за фотографска и видео-дејност бара да продолжат субвенциите за плата

Од дејноста бараат лиценцирањето на фирмите да го прави новата комора.

360

Мерката за  субвенционирање на платата да продолжи до крајот на пандемијата или до донесување на протоколи за организирање на свадби и други настани, бара новоформираната Стопанска комора за фотографска и видео-дејност. Од дејноста бараат и средба со Владата за да ги презентираат нивните барања, меѓу кои и лиценцирањето на фирмите да го прави Комората.

Претседателот на Стопанската комора за фотографска и видео дејност, Миле Спасов вели дека деновиве имале интензивни средби со претставниците на вакви фирми низ државата, а денеска се во Штип, опфаќајќи ги од источниот регион.






-Да имаме како дејност фотографска и видео пристап до безкаматни кредити, може и како предлог е дадено да се направи финансиска анализа за работењето на нашите правни субјекти од 2019 до 2020 година и доколку возможно е да се добијат некакви грантови и помош од државата. Како највиско барање го ставаме делот на лиценцирање, односно преку законски измени и во соработка да успееме да издаваме лиценци ние како комора – вели Спасов.

Тој истакна дека од вкупно 250 компании, во моментов поради коронакризата и протоколите околу 15 отсто се во мирување.

Освен што бараат подршка за намалување на штетите од корона кризата очекуваат и помош во борбата против оние во нивната дејност што работат на црно и им крадат над половина од приходите.

Поврзани содржини