СТОПАНСКАТА КОМОРА ДОБИ ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ Големо признание, но и голема обврска за во иднина
Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово ме информира дека по повод 100-годишнината од постоењето, Стопанската комора добила Oрден на заслуги што е исклучитено признание за нас, изјави Азески.
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески денеска соопшти дека Комората по повод 100-годишнината од постоењето, добила Oрден на заслуги од претседателот на државата.
Тоа, рече Азески, утрово му го соопштил претседателот Стево Пендаровски.
– Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово ме информира дека по повод 100-годишнината од постоењето, Стопанската комора добила Oрден на заслуги што е исклучитено признание за нас. Но, тоа значи и голема обврска за наредниоот период – истакна Азески.
Азески информира дека на средба со г.г. Стефан, Комората упатила честитки за одлуките на Вселенската патријаршија за прифаќање на МПЦ-ОА во канонско единство и на СПЦ за автокефалност на македoнската црква.
-Признанието дојде во вистински момент од сите православни цркви и Вселенската патријаршија. Имаме два големи повода за две големи инстутиции во ист период, што не прави среќни – рече претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Азески воедно најави и засилување на соработката со Грција, преку интензивирање на проектните активности.
-Имаме рок во Преспанскиот договор во кој треба да се завршат работите и во однос на трговските марки и географските ознаки, но рокот уште не е истечен и работиме на тоа. Мислам дека ќе биде заштитен интересот на Македонија, иако јас и тогаш и сега тврдам дека грчката страна е многу појака и поискусна во тоа и треба да се побара меѓународна поддршка. Владата работи на тоа, ние сме во контакт со МНР. Мислам дека сето тоа ќе придонесе да не се најдеме во незавидна ситуација како порано – истакна Азески.
Тој дополни и дека денеска е одржана средба во Ресен, меѓу претставници на Комората со градоначалниците и бизнисмените од регионалните комори во Северна Грција.
-Се интензивираат активностите на проекти, ќе го засилиме темпото на работа со Грција – нагласи Азески.