СТОП ЗА СЕВЕРИНА ВО СРБИЈА Твитерџии навредени од нејзината порака Црногорците да се чуваат ВИДЕО

Бројни твитерџии од Србија пораката ја сфатиле во политички контекст, а некои отишле толку далеку па предлагаат на Северина да ѝ се забрани влез во Србија.

819

Северина Вучковиќ пред неколку дена на концерт во Црна Гора објавила дека ѝ е вратено старателството над синот, но тоа не било единственото нешто што пејачката го кажала на сцената.

Севе изговорила реченица која навредила многу Срби, кои, пак, својата фрустрација ја истуриле на социјалните мрежи. По интернет се шири и снимката на која пејачката го кажува тоа што ги навредило Србите.






– Само вие да ми се чувате Црногорци! Немој некој да ве закача – им рекла Северина на собраните фанови, што кај нив предизвикало воодушевување.

Црногорците се воодушевени, но некои Срби тоа го сфатиле како провокација.

Бројни твитерџии од Србија пораката ја разбрале во политички контекст, а некои отишле толку далеку па предлагаат на Северина да ѝ се забрани влез во Србија.

Црногорци се шегувале и велат: „Ама, Севе, ние сме измислена нација“. И некои српски коментатори забележале дека реакцијата на одделни сограѓани е сепак претерана.

Поврзани содржини