До 1 септември затворите нема да примаат нови станари
Казна затвор до три години се одложува до 1 септември, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната.
Казна затвор до три години се одложува до 1 септември, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната, е уредбата која денеска е донесена на седница на Влада.
На судиите-поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, мандатот им се продолжува се до завршување на постапката по судскиот предмет.
„Законски роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и Јавните обвинителства, според која законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат се до престанување на вонредната состојба“, се наведува во соопштението.