СТОП ЗА БЕЗОБЅИРНОТО ВОЗЕЊЕ Мирен протест на раскрсницата каде што беше прегазена Викторија

Со транспаренти и маички „Почивај во мир ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“, присутните побараа да се стави крај на бeзобзирното возење на улиците и да се подигне свеста на сите учесници во сообраќајот.

1,072

Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, стотина луѓе протестираа денеска на раскрсницата на булeварот Партизански одреди кај „Сити мол“ во Скопје, по сообраќајната несреќа na 2- januari, во која беше прегазена младата Викторија Николова.

Собирот го организираше момчето Леонид Даов, кој бил со неа и при тоа бил лесно повреден.






Организаторите најавија достоен јавен собир, на кој ќе се оддадеме почит и на Викторија, но и на сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Со транспаренти и маички „Почивај во мир ангелу наш“ и „Стоп за сообраќајното насилство“, присутните побараа да се стави крај на бeзобзирното возење на улиците и да се подигне свеста на сите учесници во сообраќајот.

Роднините на Викторија од Радовиш пристигнаа со десетина приватни и комби возила, облечени во црни маички со ликот на девојката.

За една недела три лица загинаа на скопските улици, двајца додека минувале на пешачки премин.

Фото: МИА

Поврзани содржини