„СТОП УСЈЕ“ УТРЕВЕЧЕР ЌЕ ЈА БЛОКИРА РАСКРСНИЦАТА КАЈ ЦЕМЕНТАРНИЦА Екологистите бараат строг надзор од државата
Утре во 18 часот повторно ќе се одржи протест пред цементарницата Усје во Скопје.
Иницијативата „Стоп Усје“ најави блокада на крстосницата на двата булевара пред фабриката.
Едно од барањата на иницијативата е мерната станица кај Усје, поставена од Општина Кисела Вода во 2023 г., да започне со континуирано 24/7 мерење и јавно прикажување на податоците во реално време. Истата да биде интегрирана со сите јавни апликации за квалитет на воздухот (пр. AirCare), наместо досегашното парцијално објавување резултати преку ПДФ документи на веб-страницата на општината. Дополнително, да се постават повеќе мерни станици во поширокиот простор околу Усје, со цел јавноста транспарентно и во реално време да го следи квалитетот на воздухот.