Стоп на романтичарството кое ни носи сиромаштија и нереални имагинации
Во геостратегиските ситуации се поизвесно е кој е победник, а кој поразен ама во енергетска и рударска смисла. Американците им ги отстапуваат рудниците на истокот од Украина на Русите и таму вредноста не е во милијарди ниту пак во трилиони, напротив во трилиони милијарди евра. За возврат Русија се откажува од своите инвестиции за нафта и нафтени производи од земјите кои се под интерес на Американците.
Европската унија одлучи да започне со огромна индустријализација за да ја заштити својата економска и воена безбедност. Повторно ги реактивираат нуклеарните елктрични централи, прогласуваат стратешки и критични метали и хемиски материјали. Затоа на границата со Чешка и СР Германија се гради рудник за литиум, Португалија и нејзиниот литиумски рудник стануваат стратешки партнер на инвестицијата од 140 милиони евра за производство на батерии кои ќе опслужуваат 500 илјади возила годишно, а во Норвешка поточно нејзиниот југ од страна на нивната рударска компанија Norge Mining се отвара најголемиот рудник за фосфор во светот и со најголема пронајдена количина од 70 милијарди тони поточно колку сите светски наоѓалишта заедно.
Во геостратегиските ситуации се поизвесно е кој е победник, а кој поразен ама во енергетска и рударска смисла. Американците им ги отстапуваат рудниците на истокот од Украина на Русите и таму вредноста не е во милијарди ниту пак во трилиони, напротив во трилиони милијарди евра. За возврат Русија се откажува од своите инвестиции за нафта и нафтени производи од земјите кои се под интерес на Американците. Таков пример имаме во нашето соседство со Нафтената Индустрија на Србија која што и да направи во наредниот период, добрите познавачи на овој бизнис предвидуваат загуба од еден милион евра дневно. Затоа Србија носи закон со кој што се овозможува да вложи 1.4 милијарди евра во НИС и да постави свое раководство.
Шведската пак рударска компанија LKAB која сака да отвори рудник за ретки метали во близина на Кируна, како и Norge Mining, сакаат да се отворат нивните рудници во помал временски период и со тоа Европското стопанство ќе биде дефинитивно помалку ранливо и ќе биде поконкурентно пред се од кинеското.
А ние се воодушевуваме на Грета Тунберг од Шведска како го обоила каналот во историската легендарна држава Венеција во зелено и како играла оро на падините на планината Кожув кај нас во Македонија бранејки ја демек реката Дошница. Само ако сме наивни ќе можеме да веруваме дека оваа личност не е платена од некој центар за моќ кој сака да контролира состојби поврзани со животната средина, а во исто време да ја држи Македонија заложник од нивните извозни апетити на енегетика и други видови на реагенси, метал и хемиски материјали.
Како пример за енергетиката ќе го наведам делот со малите хидроцентрали. Денес лесно се доаѓа до литература и може да се види мапата на постоечки, во изградба и потенцијални хидроцентрали. Сегде каде има германско или некое слично говорно подрачје има хидроцентрали. Најголемиот дел од потенцијалните се наогаат на целиот Балкански Полуостров. Логиката на центарот за моќ кој е сместен во една од овие гермаско јазични држави е да финансира и поддржува „Екологисти“ и да не се дозволува изградба на хидроцентрали под изговор дека ќе сме ја нарушеле животната средина и да увезуваме од кај нив струја нормално. Тоа не прави повеќе од зависна држава.
Истиов принцип се користи и во делот на рударството. Ама имаме и самите мани. Незнаеме да извршиме разлика што е рудник како технологија (геологија, рударство и металургија) и макроекономска и социјално-демографска придобивка.
Еден таков пример е изнесен пред многу години од страна на „новопечениот“ акдемик на МАНУ г-дин Блажо Боев кој за потребите на МРТВ се изјаснува дека потенцијалниот рудник за злато Алшар било мало наоѓалиште од само 20 тона злато. Овој академик може да се изјасни само дали жицата рударска е сконцентрирана или распрскана, да помогне во технологијата на ископување, а металурзите да ја кажат комплетната технологија на екстракцијата на златото.
Најлаички ќе очекувам да макроекономистите да направат пресметка дека целиот трошок на ископ би вредел 15 тони злато, тоа е 15 милијарди евра ама сконцентрирани во Македонија и ќе и подарам на самата наша држава 5 тони злато и ќе ги зголемиме резервите на злато на 12 тони во НБРМ и така ќе ја зацврстиме нашата втора позиција на Балканот.
Можеби Македонија има сила за ваков мал проект. Но, за посериозни проекти нема шанси без соодветен инвеститор за проект како што е рудник од капацитетот на Иловица-Штука. Експертите веќе ги потврдуваат количините на злато, ама она што е најважно таму има огромни количини на бакар, кој Европската Унија го прогласи за стратешки метал. За овој рудник почетната инвестиција е 350 милиони евра и директни и индиректни вработувања од 3.500 лица на територијата на струмичката котлина. Или пак само од процентот за концесиски надомест во општините Босилово и Ново Село каде е лоциран рудникот годишно би се слевале од 10.5 милиони евра, а од оваа сума 10 проценти или во евра 1.05 милион евра годишно за заштита на животната средина согласно новото законско решение.
На потег е државата дали ќе комуницира со научно-образовани професори од областа на геологијата, рударството, металургијата и макроекономијата кои јас ги нарекувам личности со Висок Интелектуален Потенцијал или со несоодветно образовани личности спремни за еколошки манипулации кои немаат претстава како да ја напишат хемиската формула за водата.
Во нашето соседство последен проект е отворањето на рудник за бакар и злато на Халкидики. Вкупната првична инвестиција е милијарда евра. И овој рудник е многу поголем и се најавува на следниов начин, Халкидики ќе стане главен економски центар и ќе ја зацврсти позицијата како најпосакувана туристичка дестинација.
Стоп на романтичарството кое ни носи сиромаштија и нерелни имагинации како функционира едно општество.