Стоп на качачката наезда
Нашите стратешки (не)пријатели, се надеваат дефинитивно да ни го решат горливото македонско прашање, со наше испарување... а, тоа е – сами сме легнале на туѓо брашно, се прпелкаме и со изнудување на кое не сме баш отпорни, се чека да признаеме дека сме вештачка творба... која не може и не треба да егзистира...
Подолго време во Македонија е нарушен елементарниот принцип на демократијата: волјата на мнозинскиот македонски народ – Македонците, е узурпирана од волјата на малцинството Албанци, кои не само што ја презедоа сета политичка власт во свои раце и со тешки криминали го опљачкаа имотот на народот, од позиција, сега се во фаза кога се гласат за тотална албанизација, односно претворање на Македонија во дел од Г. Албанија. Тоа не е предизборна празна реторика како што некои велат, која се гласи колку да се каже нешто од качачките шупоглави партиски водачи. Тоа е гласило за политичка окупација на македонската земја и отворено непријателство спрема Македонците, кое мора да се сопре, пред да прерасне во отворена пресметка – војна!
Се користи рафинирана, ама простачка и илузорна окупаторска тактика, со стратегија за демакедонизација и на луѓе и на територија, за да ни се уништи – збрише, сѐ што е македонско и тоа во сопствената единствена држава Македонија, во историско идеолошки момент во кој Македонците бележиме сериозни заостанувања во историскиот процес на национално самоосвестување и политичко и државотворно самоконституирање и контролирање.
Подолго време се формираат и отворено, без да бидат сопрени, функционираат познати туѓи геостратешки, но и регионални цели и интереси, со окупаторско – територијални претензии, бележења на македонската почва со кучешки белези, како „доказ“ за сопственост на територијата.
Веќе не се крие политичката и територијалната експанзија на едни нации и држави во напредувањето на политичкото и територијално освојување и тоа со методи кои се одомаќинија и на некој начин, со толеранција се прифатија како нормални за овој геостратешки простор, третиран како терен во кој може секој да делува спрема своето расположение и идеологија, односно, тврдење дека има „право врз своето…“. Намерата е да се форсира сѐ што не е македонско за да се совлада последниот бастион на отпор кон насилнички зацртаната туѓа мирнодопска окупаторска стратегија.
Тоа е стратегијата на надворешните сили околу Македонија, а тоа се сите соседни држави, кои на времето ја распарчија и присвоија нејзини делови, која не е битно изменета. Само современо е надоградена. Тие продолжуваат од надвор, а многу успешно и од внатре, да ја негираат територијалната целина на Македонија, заедно со идентитетската припадност на Македонците. Таа постојана негација и постепена асимилација ја доведува во прашање безбедноста, сигурноста и територијалниот интегритет на Македонија, посебно сега, кога тоа се врши од внатре со помош на самите Македонци кои се во власта, обединети ама како прислужници на бугарските, посебно на качачките орди кои се намножија како стршлени користејќи ја предавничката политика за (ре)конституирање на македонската држава како мултинационална и мултиконфесионална, како фатален чекор наназад во однос на АСНОМ, како и АВНОЈ.
Повеќе пати имам пишувано, и повторувам дека Македонија во тие историски моменти е призната и конституирана како национална држава на македонскиот народ, од чие име произлезе името на Републиката во составот на некогашната СФРЈ, име, кое меѓународно се промовира и официјализира.
Со промената на името, почна да се реализира и политичката тенденција на големите сили, пред сѐ Америка, да се преиначи АСНОМ-ска Македонија од национална држава на мнозинскиот македонски народ, во наплив на државотворни нации, со што се постигнува целта – Македонците да останат без својата матична држава, која состојба е погубна и означува дефинитивно исчезнување од историската сцена не само на Македонија како држава, туку и на македонската нација.
Ова им одговара на фашистичките тенденции на Бугарите кои со засилен чекор, одобрено од Западот, си ја остваруваат својата сега проширена агенда – да ги асимилираат Македонците и во соседна Албанија, како и во Косово, постилајќи ја картата – до кај што има Бугарин до таму се простира Санстефанија.
Да не останат покусо, дома, распослани по министерски фотелји, со парите на народот во џеб, посебно се накострешија намножените новопечени качаци, кои своето барање за државотворност како втор државотворен(!?) народ, отворено, како нивно право го форсираат, користејќи ја „смиреноста“ на Македонците и договорот со македонските предавници од власта, кои прифатија Македонија како држава и македонскиот народ како државотворна нација да бидат уништени во корист на Санстефанска Бугарија и Г. Албанија. Тоа е патоказот на туѓата окупаторска стратегија, преку која Македонците во сопствената држава веќе се евидентираат како граѓани кои чекаат на ред да бидат некаде додадени и припоени. За чудо, остај власта, туку и опозицијата молчи за оваа погубност, ставајќи ги случувањата под черга, како еуфорија, без да им даде важност. Напротив, премолчуваат или тивко изустуваат дека со албанската опозиција постизборно ќе ја формираат новата власт, свесни дека таа опозиција се трка со ДУИ во иредентистичките испади и условувања, со заканувања да ги исполнат своите фашистички цели.
Така надежта на Македонецот се губи… и изгледите дека со промена на власта ќе се отвори некоја нова надеж, исчезнува, бар кај мене… Простата замена на една иредентистичка албанска партија од власта или опозицијата, со друга, е само залажување на Македонецот, кое не смее да се случи. А, за да не се случи, треба да се здружат поголем број на помали македонски партии со водечката ВМРО, и заедно да добијат повеќе од 61 пратеник, за да формираат македонска влада, во која ќе има и албанска партија, но, истата нема да биде во можност да уценува делувајќи спротивно на идентитетските и територијалните интереси на државата Македонија и Македонците. Без да ја идеализирам најголемата опозициона партија, ја поддржувам, бидејќи благодарение на неа и нејзиниот дослух со најголем дел од македонскиот народ, денес, Македонија не е изгубена татковина… Да не беше тврдокорна во штитењето на државата од распад, и идентитетот на Македонците, денеска со Македонија ќе управуваше бугарско – албанска влада…
Одамна пишувам дека Македонија се косовизира, отворено, јавно… Косово веќе се прошири во западна Македонија… Армија македонска немаме… Со косовската функционираат под една команда, како војска раководена од НАТО која има свои стратешки интереси кои ги реализира. Не случајно косоварите на своите воени униформи со дозвола на НАТО се закитија со картата на Г. Албанија… Качакот градоначалник на усмрдениот кучкарник Тетово, побрза да се приклучи на желбите… Знамиња на Г. Албанија се развиорија по Тетово, Гостивар, Кичево, Струга… никој, ништо не реагира. Затоа е смелоста да се тргне црковно знаме од македонски манастир на П. Шапка и да се окачи албанско. И да не редам… само ќе „предвидам“ дека ако продолжиме со ова кукавичко темпо, ќе дочекаме, набргу, и таблата во Собранието напишана на „бетонираниот“ македонски јазик, да ни биде покриена со нова табла, на албански јазик…
Македонија се распаѓа! Таа ги исполни сите внатрешни услови, а Америка и пропаднатиот Запад го помагаат овој историски чин, кој се прикрива на наивен начин. Бавно се одвива, но, ако продолжи вака, тој е неизбежен… Како што стојат работите, Македонецот е тој кој ја спроведува последната фаза на сопственото самоуништување, овојпат како свој на своето, на демократски и послушнички (не)достоинствен начин, потпомогнат од балистичката албанска орда, а насочуван и следен за довршување на започнатото, од самонаречените традиционални демократи – Европа и Америка, кои своето вековно делување го засноваа и одржуваат врз нацизмот, фашизмот, робовладетелството, колонијализмот, неоколонијализмот кој сега е измоделиран и приспособен… Тоа се искуства кои ги применуваат секаде каде што оцениле дека се во нивен интерес или интерес на нивните штитеници.
Нашите стратешки (не)пријатели, се надеваат дефинитивно да ни го решат горливото македонско прашање, со наше испарување… а, тоа е – сами сме легнале на туѓо брашно, се прпелкаме и со изнудување на кое не сме баш отпорни, се чека да признаеме дека сме вештачка творба… која не може и не треба да егзистира… За потсмев ќе ни останат како спомен само „црните листи“ со кои ни удрија дијагноза на недоветни… да се занимаваме додека исчезнуваме…