Стоматолозите од понеделник да почнат со работа, а ќе земаат и брис за корона вирусот

Тие ќе бидат вклучени и во скринингот, добра волја покажаа за тоа и ќе земаат брисеви од пациентите кои ќе бидат вклучени во овој процес, со цел пронаоѓање на асимптоматските случаи - појасни Филипче.

1,669

Стоматолозите од понеделник треба да почнат со работа, а тие ќе прават и скрининг на пациентите, односно  ќе земаат брис за утврдување на присуство на корона вирусот кај пациентите, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Предлогот за почнување со работа од понеделник на стоматолошките ординации стасал од Стоматолошката Комора, чии претставници денеска учествувале во работата на Комисијата за заразни болести.






– Од Стоматолошката комора и денеска учествуваа на состанокот на Комсијата, и утре ќе бидат присутни, а предлогот е да почнат од следната недела да работат стоматолошките ординации. Тие ќе бидат вклучени и во скринингот, добра волја покажаа за тоа и ќе земаат брисеви од пациентите кои ќе бидат вклучени во овој процес, со цел пронаоѓање на асимптоматските случаи – појасни Филипче.

Поради зголемената опасност од ширење на корона вирусот, во изминативе недели работеше само итната стоматолошка служба, а ординациите не примаа пациенти.

 

Поврзани содржини