Стоматолозите може да почнат со работа, најави Филипче

Стоматолозите уште вчера добиле известување од Стоматолошката комора дека од утре, среда, може да ги отворат стоматолошките ординации и да почнат да работат, притоа почитувајќи ги сите мерки за заштита на вработените и за дезинфекција на работните простории. 

644

Стоматолозите може да почнат со работа. Има и протокол за стоматолошките ординации којшто го разгледувавме со претставници од Стоматолошката комора на Комисијата за заразни болести. Дел од стоматолошките одинации се подготвени и тие може да почнат со работа. Дозволено е за стоматолозите – најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Стоматолозите уште вчера добиле известување од Стоматолошката комора дека од утре, среда, може да ги отворат стоматолошките ординации и да почнат да работат, притоа почитувајќи ги сите мерки за заштита на вработените и за дезинфекција на работните простории.

 

Поврзани содржини