СТОЛТЕНБЕРГ ВОЗНЕМИРЕН ОД ПУТИН Нуклеарната реторика е опасна и неодговорна (ВИДЕО)

Во интервју за Би-Би-Си денеска првиот човек на Алијансата кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската окупација на Украина.

806

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата, јави ДПА. Според Столтенберг, нуклеарната реторика е „опасна“ и „неодговорна“.

А еве ја наредбата на Путин пред првите руски генерали:






Во интервју за Би-Би-Си денеска првиот човек на Алијансата кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската окупација на Украина.

Портпаролката на Белата куќа во САД, Џен Псаки, денеска рече дека Путин произведува закани за да ја оправда својата агресија.

– Го видовме како го прави тоа повторно и повторно. Во ниту еден момент Русија не била под закана од НАТО, ниту Русија била под закана од Украина. Сево ова е шема за претседателот Путин и ние ќе се спротивставиме на тоа. Имаме способност да се браниме, но исто така треба да го покажеме на виделина она што го гледаме овде од претседателот Путин – изјави Псаки за телевизиската мрежа Еј-Би-Си Њуз.

Поврзани содржини