Столтенберг во писмо до Спасовски: Сите НАТО сојузници ратификуваа и Протоколот стапи во сила

593

Во писмото што до премиерот Оливер Спасовски пристигна денеска, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пишува дека земјите членки на Северно-Атлантскиот договор ја известиле владата на Соединетите Американски Држави дека тие го прифатиле и ратификувале Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, потпишан на 6 февруари 2019 година во Брисел, и дека следствено на тоа, Протоколот стапил во сила, информира владата.

-Во име на сите земји членки, чест ми е да Ве известам и да Ви ја упатам поканата да се придружите на Северно-Атлантскиот договор, пишува во писмото генералниот секретар Столтенберг.






Согласно Членот 10 од Северно-Атлантскиот договор, Република Северна Македонија станува полноправна членка на НАТО со денот на депонирањето на пристапниот инструмент во Владата на Соединетите Американски Држави.

– Дозволете ми да ја искористам оваа прилика и да го изразам моето задоволство, како и задоволството на сите земји членки на НАТО, во однос на претстојното пристапување на Северна Македонија во Алијансата, пишува генералниот секретар Јен Столтенберг во писмото кое денеска е упатено до претседателот на Владата на Македонија Оливер Спасовски.

Поврзани содржини