Столтенберг: Честитки Северна Македонија

471

Шпанскиот Сенат штотуку го ратификуваше членството на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите земји членки и посакаа добредојде на наскоро 30-тата земја членка. Честитки, Северна Македонија, напиша генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот твитер профил.

Претходно, Сенатот на Шпанија на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.






– Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија – истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Димитров потсети дека Шпанија е 29. и последна земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.

Поврзани содржини