СТОЛПЧЕТО БИЛО МОБИЛНО Богдановиќ ги објаснува препреките пред гаражи на центарци

2,357
Пред неколку дена во неколку медиуми и на дел од социјалните мрежи се објави слика на која се критикуваше Град Скопје и Општина Центар за поставувањето на столпче (кое беше мобилно и се отстранува за да може да се влезе во гаражата) пред влез на гаража на станбена зграда на улицата Орце Николов.
Столпчето имаше клуч и истото го поместуваа станарите пред да влезат во гаражата а потоа го враќаа се со цел да не им се паркираат пред истата и да не го блокираат влезот и излезот (слика бр.1)
Бидејќи столпчето е отстрането од непознати сторители, истото ќе биде вратено во најкус можен рок, а можноста за отстранување при влез и излез ќе ја имаат станарите корисници на гаражата.
Паркираното возило на слика бр.1 за брзо време ќе биде отстрането со специјално пајак возило.
(статус на Фејсбук на Саша Богдановиќ)
Поврзани содржини