СТОЛБОВИТЕ ШТО ГО СНАБДУВААТ КАН СО СТРУЈА БИЛЕ ИСЕЧЕНИ СО ПИЛА Властите тврдат дека станува збор за злонамерна саботажа
По саботажата, исклучена е струјата во Кан и во околните општини за да се санира штетата.
Три од четирите столба на високонапонскиот далновод што го снабдува градот Кан и околните општини „беа пресечени во злонамерен чин“, соопштија денеска локалните власти во Франција.
Локалните власти соопштија дека столбовите биле исечени со пила.
По саботажата, исклучена е струјата во Кан и во околните општини за да се санира штетата, поради што 160.000 домаќинства немаат електрична енергија.
Во Кан вечерва е затворањето и доделувањето на награди на 78. Меѓународен филмски фестивал, што почна на 13 мај. Канскиот фестивал има сопствено напојување со електрична енергија и ќе продолжи фестивалската програма, но нема да има проекции на филмови, бидејќи кината се надвор од центарот на Кан.