Стоилковски: Заев треба да оди во затвор поради очигледен криминал, слушнавме како зел 300.000 евра поткуп
снимките се директен доказ дека Заев е вмешан во огромен поткуп, земал пари за услуги, кои ги ветувал од позицијата премиер.
Зоран Заев треба да оди во затвор поради очигледен криминал. Заев веќе требаше да биде приведен. Заев е главата на криминалниот октопод и денеска за тоа излегоа и аудио снимки кои тоа го директно го потврдуваат, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако излезе во јавност нова „бомба„ со Зоран Милески Кичеец и срепскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ- Дака.
– Ова е директен доказ дека Заев е вмешан во огромен поткуп, земал пари за услуги, кои ги ветувал од позицијата премиер.ЈО по обичај кога станува збор за Зоран Заев молчи. Нема никаква реакција, иако во јавноста излезе снимка од која директно се слуша дека Заев земал 300.000 евра.Секое непостапување во однос на овој случај е директно прикривање на криминал, очигледен и за студент од прва година правни студии – изјави портпаролот на партијата Наум Стоилковски..