Стоилковски: Заев, Димитров, Османи и Пендаровски да откријат со какви отстапки заминаа за Софија и да си поднесат оставки

283

Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи мора да излезат пред јавноста и на долго и на широко да откријат што точно содржел компромисот постигнат во Берлин, но и за отстапките со кои заминаа за Софија, а веднаш потоа да си поднесат оставки! По сокривањето на содржината на документот од Берлин, оставка очекувам и од Стево Пендаровски, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– И по сите јавни повици не само што не дадоа отчет за Берлин, кога и какви биле изградените ставови за компромисот; не само што немаше никаква јавна реакција по објавата на австриски новинар за содржината; туку и со истиот пакет, а можеби и повеќе, заминаа во Софија, по втор пат, на втор состанок да „нудат” компромис!? Граѓаните во Македонија, нивната посебност, македонската историја, македонската култура, македонскиот јазик, Македонија не е нива на Заев, ниту фрижидерот од гранапот на татко му напојуван со крадена струја. Заев не може да тргува и да се расфрла низ Европа со идентитетските елементите на Македонија – вели Стоилковски.






Тој повторно ги повика Заев, Димитров, Османи и Пендаровски да излезат со прецизни одговори со што тргувале, од што се откажале од македонската посебност, култура и историја во Берлин?

– Кога и дали воопшто е повлечена некаква линија за отстапки и до каде таа води? Очекувам веднаш сами да побарате собраниска седница посветена на отчетност за Берлин и Софија, а потоа и седница за заземање на државен став и одговор на бугарската резолуција! Кукавичлукот кој што го покажувате, Борисов, Захариева, Каракачанов го истрија на нос на секој еден граѓанин во Македонија. Тотален дебакл! А, по ваквите лаги, дека нема нов договор, немало анекс, немало нови ветувања, дека немало откажувања, лаги кои што излегоа на површина, лаги засилени со молкот пред и по Берлин, па згора и во молк да се отпатува во Софија- додека сета домашна јавност прашува и стравува за позициите- во Македонија повеќе нема никаква доверба од јавноста дека „државниот врв” го штити националниот и државен интерес – напиша Стоилковски.

Поврзани содржини