Стоилковски: Заев да каже за наводните бизниси на Седат Пекер со брат му Вице

Стоилковски ги повика Зоран Заев и Оливер Спасовски да кажат што правел Седат Пекер три месеци во Македонија и зошто не е протеран во Турција каде има потерница по него, туку е пратен во Косово?

3,605

Зоран Заев мора да одговори на прашањата кои се наметнуваат за аферата која е поврзана со Седат Пекер или „Мафија 2“, повика денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

– Зоран Заев мора да каже со кои од неговите коалициски партнери од власта, па и функционери од власта, разговарале со Седат Пекер. Имале ли средба и за што разговарале? Владата молчи дали Седат Пекер бил и на состанок во Владата, а мора да одговори за какви бизниси се разговарало таму на средбите со Зоран Заев и Седат Пекер? Бараме одговори во врска со тоа, но и за наводните бизниси на Седат Пекер со братот на Зоран Заев, Вице Заев. Зоран Заев мора да каже со што тоа Пекер го задолжил него, за да му биде обезбедено полициско обезбедување, возила за придружба и така да се шета низ Македонија – рече Стоилковски.






Тој ги повика Зоран Заев и Оливер Спасовски да кажат што правел Седат Пекер три месеци во Македонија и зошто не е протеран во Турција каде има потерница по него, туку е пратен во Косово?

– Дали со самото тоа Седат Пекер не бил заштитен од македонската влада, од Зоран Заев и од Оливер Спасовски и дали со тоа не била соботирана акцијата на Турција? При сево ова Зоран Заев и Оливер Спасовски сѐ уште молчат на овие отворени прашања, но тие не смеат да молчат, мора да одговорат – рече Стоилковски.

 

Поврзани содржини