Стоилковски: СДСМ за градоначалници нуди исти луѓе со исти лаги

Ама затоа има општини водени од СДСМ каде што царува криминал. Затоа има општини водени од СДСМ каде што царува полнење на администрацијата со партиска војска, рече Стоилковски.

245

Нема општина водена од СДСМ со реализиран капитален проект. Нема општина водена од СДСМ со нов отворен капацитет и вработувања за граѓаните.Нема општина водена од СДСМ каде што има барем делумно задоволни граѓани или решен барем еден проблем. Ама затоа има општини водени од СДСМ каде што царува криминал. Затоа има општини водени од СДСМ каде што царува полнење на администрацијата со партиска војска, рече на прес конференција Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалници манијачат врз жени, каде што токму градоначалници шверцуваат и пукаат во полиција, каде што токму градоначалници силуваат совети со буџети за машини за перење. Затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците плаќаат 300 евра за едно метро даска, коишто плаќаат 500 евра за една клупа, коишто менуваат дупови за нова бетонизација, затоа има општини водени од градоначалници од СДСМ каде што токму градоначалниците се фалат со чевли од своите фабрики и не даваат плата – рече Стоилковски.






Според него, СДСМ сè што кажа сè што вети се излажа. Нема човек што не се чувствува измамен од ветувањата на градоначалниците на СДСМ. Македонија е земја во рецесија во економска криза, со отпуштени работници, со растечка корупција, со растечки криминал! И СДСМ повторно ви ги нуди истите луѓе повторно со истите лаги!

 

Поврзани содржини